home

Спонзорства

Одговорното работење покрај производство на безбедни, здрави и квалитетни производи подразбира и општествено-социјална одговорност кон локалната заедница.

Согласно генералната деловна политика на Фруктал да бидеме активен социјален партнер на пазарите на кои сме присутни, Фруктал Мак одговара на потребите на нашата заедница преку повеќекратно и систематично вложување во општествено корисни акции и во активности и организации кои го подобруваат квалитетот на живеење. Секогаш сме подготвени за соработка со проекти кои го промовираат здравиот начин на живеењеи спортскиот дух.

Преку поддршката на општествено одговорни проекти Фруктал Мак ја искажува својата благодарност за целокупната доверба и лојалност која корисниците ја искажуваат со години кон брендот Фруцтал.

Во областа на спортот ги поддржуваме следните организации, здруженија и проекти:

Спонзорство на ЈУНИОР

Кошарката се смета за еден од најпопуларните спортови во Македонија. Токму затоа, Фруктал Мак е долгогодишен партнер со школата за минибаскет ЈУНИОР и спонзор на Кошаркарскиот клуб Фруктал Јуниор (на сениорскиот тим кој настапува во втората кошаркарска лига на РМ и на младинските селекции). Целта на оваа соработка е преку промовирање на кошарката што повеќе деца и млади луѓе да се занимаваат со спорт, меѓусебно да другаруваат и да израснат во здрави и квалитетни личности.

Соработката со ЈУНИОР датира уште од 2004 година, што значи 8 години поминати “заедно на паркетот”, многу заеднички успеси, награди и признанија на домашен и меѓународен план.

Корените и почетоците на работа на Школата за минибаскет ЈУНИОР се уште од далечната 1994 год, а овие 19 години опстојување како најпосетена школа за спорт во Македонија и најголема школа за минибаскет на Балканот, се доказ дека се работи со стручност и посветеност, големо искуство, енергија и ентузијазам за работа, квалитетен тим, специјализирана и модерна програма и опрема за работа.

Во рамките на ЈУНИОР освен Школата за минибаскет, успешно функционираат и следниве проекти:

  • Летен кошаркарски камп
  • МОНТЕ-ЈУНИОР минибаскет лига
  • Кошаркарски клуб ФРУКТАЛ-ЈУНИОР (младински селекции и сениорски тим кој настапува во втората кошаркарска лига на РМ)
  • Организација на меѓународни турнири за кошарка
  • Аеробик и пилатес центар
  • Спортска градинка

За подетални информации посетете ја веб страната: www.junior.com.mk



Rotate left
Rotate right


SponzorstvaСпонзорство на карате клубот "АКЕБОНО"

Донација на спортска опрема и сокови Фруцтал.

SponzorstvaСпонзори на Летниот камп за социјализација, култура и спорт - Тетово 2011

Кампот се одржа на Шар Планина каде што учествуваа голем број ученици од основните училишта на општина Тетово. На кампот се промовираше меѓуетничката социализација, размена на културни традиции и запознавање на убавините што ги нуди ”Шар Планина”!

SponzorstvaСпонзорирање на Балканското Првенство во Спортско Качување

Во склоп на спортскиот дух Фруктал Мак беа присутни на уште еден спортски настан во Македонија.

SponzorstvaСпонзорство на Крикет натпревар

Oдржан во Хотелот Александар Палас, Скопје.

Во областа на науката го подржавме следниот настан

Спонзори на ”Глобална Недела на Претприемништво”

Од 14-20 Ноември во рамките на светското движење на претприемачи во светот, во Македонија по 4-ти пат се одржа Глобалната недела на претприемништвото. Фруктал Мак како еден од спонзорите го поддржа настанот со донација на сокови за сите учесници на овој настан.

Rotate left
Rotate right

Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved