home

Производство

Интензивното инвестирање на Фруктал во современа технологија, ни овозможува во континуитет да произведуваме 42 различни производи со тенденција на секојдневно проширување на асортиманот.

Фруктал Мак а.д. Скопје располага со следните линии за производство:

  • Линија за преработка на овошје (праска, кајсија) во овошна каша и асептично складирање на истата
  • Линија за асептично полнење на овошни сокови, нектари и пијалаци во Тетрапак амбалажа 1 л.
  • Линија за асептично полнење на овошни сокови, нектари и пијалаци во Тетрапак амбалажа 0.25 л.
  • Линија за производство на овошни сирупи во стаклено шише од 1 л.
  • Линија за производство на негазирани пијалаци во ПЕТ амбалажа од 1.5 л. и 0.5 л

Линија за преработка на овошје

При производството на сокови Фруктал Мак покрај овошје од компаниските плантажи, користи суровини од Македонија преку откуп на сите произведени количини на индустриска праска (околу 1.000 тони годишно) и домашни јагоди. Прв чекор при приемот на овошјето е проверка на зрелоста и степенот на здравствена исправност. Во Фруктал посветуваме големо внимание на изборот на здрава и чиста суровина, без присуство на трули и оштетени плодови. После миење на овошјето на инспекциона трака, се отстрануваат сите оштетени плодови. Со помош на специјални машини се отстрануваат семката и лушпата и се претвараат во каша. Потоа следи пастеризација на истата и складирање во претходно припремени и стерилни цистерни кои овозможуваат чување на кашата подолг временски период без додавање на конзерванси. Припремените каши ги користиме во текот на целата година за производство на нашите нектари и пијалоци.

Фруктал Мак е еден од ретките домашни производители на овошни сокови кои ја имаат можноста за сопствено производство на овошни каши, на што сме особено горди.

Овошјето кое го нема во нашите краишта, го обезбедуваме со максимално селективен избор на добавувачи на концентрирани овошни сокови. Во изборот на суровини е вградено 66 годишното искуство на Фруктал во изработка на прецизно дефинирани критериуми за избор на суровини. Токму поради тоа постојано имаме висок и стандарден квалитет на нашите производи.



Rotate left
Rotate right

Линии за асептично полнење на овошни сокови, нектари и пијалаци во Тетрапак амбалажа 1 л. и 0.25 л.

Производството на овошни сокови, нектари и пијалаци се одвива во асептични услови, на Тетрапак линија. Припремата за производство се одвива согласно барањата за безбедност на храна, во комплетно затворен систем без можност за контакт со воздух или било кој друг контаминент. Амбалажата за полнење (фолијата) прво се стерилизира на полначката машина и потоа во неа се полни веќе стерилизиран и изладен сок без додаток на конзерванси, вештачки бои и вештачки засладувачи. Секоја произведена единица ја означуваме со датум на производство и рок на употреба и после пакувањето во картон ги складираме во модерно организиран магацин за чување на овој тип производи.

Линија за производство на овошни сирупи во стаклено шише од 1 л.

Сирупите Фруктал се произведени од концентрирани овошни сокови со висок овошен удел што е огромна предност во однос на сирупите кои се произведуваат од растителни екстракти. Производот е термички обработен и без додаток на конзерванси, бои и засладувачи. По термичката обработка, припремениот производ се полни во претходно измиени и дезинфицирани стаклени шишиња. Секое шише го означуваме со датум на производство и после пакувањето во термо фолија ги складираме во магацин.

Поради високиот овошен удел на сирупите Фруктал доколку истите ги искомбинирате со коцки мраз веројатно нема да ја почувствувате разликата од пијалоците во Тетрапак амбалажа.

Линија за производство на негазирани пијалаци во ПЕТ амбалажа од 1.5 л. и 0.5 л.

Производството на оваа категорија пијалаци го започнуваме со сопствено производство на шишиња (дување). За припрема на пијалаците користиме суровини од реномирани производители за оваа категорија производи, со избалансиран вкус и мирис и стандарден квалитет. По припрема на пијалокот, истиот оди на полнење. На полначката машина претходно припремените шишињата се мијат, дезинфицираат, полнат со веќе припремениот пијалак и се затвараат. Секое шише го означуваме со датум на производство и после пакувањето во термо фолија ги складираме во магацин за готов производ.

Rotate left
Rotate right

Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved