Организациона структура
Тела на корпоративно управување:
Собрание на акционери
Своите права загарантирани со Законот за трговски друштва акционерите ги остваруваат преку Собранието на акционери кое претставува највисоко тело на компанијата Фруктал Мак. Надлежностите на Собранието и сите други прашања непосредно поврзани со собранието се запишани во Статутот на компанијата.
Управниот одбор свикува седница на Собранието најмалку еднаш годишно. Седницата на Собранието се објавува 21 ден претходно во некој печатен медиум. Во седиштето на компанијата се на располагање сите материјали со предложените резолуции од седниците.
Надзорен одбор
Надзорниот одбор се состои од три члена. Претседател на Надзорниот одбор е Милован Ранковиќ.
Членови: Слободан Радун и Чедо Прашка.
Управен одбор
Управниот одбор на Фруктал Мак се состои од три члена. Главни задачи на одборот се стратешки менаџмент и ефикасно управување на компанијата Фруктал Мак.
Претседател на Управниот одбор на Фруктал Мак е Зоран Ѓуриќ. Членови: Јасмина Петрова и Илија Видоевски.
Менаџмент на компанијата Фруктал Мак
Зоран Ѓуриќ, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор
Контакт: zoran.djuric@fructal.com.mk
Членови на Колегиум на Генералниот директор:
Јасмина Петрова, Оперативен раководител на логистика и набавка
Контакт: jasmina@fructal.com.mk
Маја Јованоска, Супервизор за продажба
Контакт: maja.metodievska@fructal.com.mk
Илија Видоевски, Раководител на економика
Контакт: ilija@fructal.com.mk
Марјан Хриб, Оперативен раководител на план и анализа и ИТ сектор
Контакт: marjan@fructal.com.mk